Пешиќ најави катастрофа: На добар пат сме да го допреме дното

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ преку интервју за „Индеск“ испрати предупредување до луѓето кои ја водат кошарката во државата.

Пешиќ посочи дека Србија наскоро би можела да го доживее црното сценарио на Хрватска.

„Немам ниту енергија, ниту време. Постојано зборувам за проблемите и ги предупредувам луѓето кои ја водат кошарката дека може да го допреме дното како Хрватска. Ако нешто не се промени во главата на главните луѓе, тогаш ќе бидеме среќни ако воопшто се квалификуваме за Европско и Светско првенство“, кажа Пешиќ.

Србија на Олимписките игри во Париз беше една од најдобрите репрезентации и освои бронзен медал.