
Пелистер загуби од Златибор во Бања Лука
Српскиот тим беше одличен од самиот старт и ја доби првата четвртина со 20-14, по што водството до полувреме се зголеми на 37-27 за Златибор.
Кошаркарите на Пелистер се обидуваа во вториот дел да ја намалат негативата и да го свртат мечот во своја корист, меѓутоа на крајот загубија со 69-75.
Најефикасен кај Златибор беше Протиќ со 23 поени, додека Каутерс со 22 поени беше најдобар во тимот на Пелистер.