Партизан го смени Шчепановиќ, се чека промоцијата на Македонците!

Белградски Партизан и официјално го смени доскорешниот тренер Владо Шчепановиќ после лошите резултати на кошаркарите на црно-белите, па сега се чека само на промоција на македонскиот тандем Сашо Филиповски – Боби Митев, кој треба да го преземе кормилото кај поранешниот европски првак.

Партизан денеска и официјално објави дека Шчепановиќ не е повеќе тренер и дека во регионалната АБА-лига тимот ќе го предводи Миливоје Лазиќ, тренерот на јуниорскиот тим, зашто двајцата помошници на Шчепановиќ во моментов, Александар Матовиќ и Дејан Мијатовиќ се во изолација поради позитивни тестови на коронавирус.

Сега се чека само на промоција на Филиповски и Митев, како предводници на црно-белите. Филиповски е бивш тренер на Олимпија, Рома, Полски Стелмен, Банвит, а му беше и помошник на легендарниот Душко Вујошевиќ во ЦСКА. Митев, пак, постојано ми е прв асистент на Филиповски, а во два наврати беше и прв тренер на МЗТ Скопје Аеродром.