
Партизан го има третиот најплатен кошаркар во Евролигата!
Најмногу заработува Шејн Ларкин, кошаркарот на Анадолу Ефес, кој сезонава ќе инкасира четири милиони долари. Зад него е Костас Слукас, кој летово се пресели од Олимпијакос во Панатинаикос, со годишна плата од 2,8 милиони долари. На третото место е капитенот на Партизан, Кевин Пантер со 2,6 милиони, а веднап до него на лестата е несуденото засилување на црно-белите, Никола Миротиќ, кој наводно ќе има плата од 2,5 милиони долари во Олимпија Милано.
Следуваат Вили Ернангомез со 2,2 милиони долари од Барселона и неговиот брат Хуанчо со 2,1 милион долари од Панатинаикос, што е идентично на примањата на Торник Шенгелија во Виртус. На крајот на оваа листа доаѓа Шабаз Нејпир од Црвена Звезда со годишна плата од два милиони долари, која ќе ја добиваат и Вил Клајбурн во Ефес, Мајк Џејмс во Монако, Николо Мели и Кевин Пенгос во Олимпија и Томаш Саторански во Барселона.
Новата сезона во Евролигата стартува б четврток, кога црвено-белите го пречекуваат Асвел (19 часот), додека Партизан ќе му гостува на Макаби во Тел Авив (20 часот).