Официјално: Дубаи ќе игра во АБА-лигата од идната сезона

Раководството на регионалната АБА-лига потврди дека нов член во елитното натпреварување ќе биде екипата на Дубаи.

На собранието на АБА-лигата беше усвоен предлогот и со Дубаи беше потпишан повеќегодишен договор.

„Со ова се исполнети сите услови за спортска и бизнис соработка, па така Дубаи ќе учествува во АБА-лигата во сезоната 2024/25“, објави АБА-лигата.