Нов удар за српскиот кошаркар: Уште една трагедија го погоди Огнен Кузмиќ

Кошаркарот на Црвена звезда, Огнен Кузмиќ, доживеа уште една трагедија.

Откако пред само неколку месеци, Огнен доживеа тешка сообраќајка кај Приједор, во која едвај преживеа, нова несреќа го погоди неговото семејство.

Имено, таткото на Огнен почина во синоќа по срцев удар, па оваа година сигурно ќе сака што побрзо да ја заборави.

Центарот на Звезда играше за неколку реномирани клубови, меѓу кои и Реал Мадрид, Голден стејт и Панатинаикос.