
Ништо од „А“ лиценца - директорот на Евролигата ги сруши соништата на Партизан и Звезда
Тој изјави дека проширувањето на Евролигата е актуелна тема, но не и делењето на „А“ лиценца на клубовите кои не се акционери во ова натпреварување.
„Комплицирано е да се зборува за „А“ лиценца во овој момент. Имаме 13 клубови акционери и покрај тоа што Париз и останатите сакаат да ја обезбедат, прерано е за таквао длука“, изјави Мотејунас.
Литванецот потоа зборуваше за Партизан и Звезда.
„Кога во прашање се Партизан и Звезда постојат отежнителни околности, но нивната култура на навивање и атмосфера е недостижна во Европа. Сите сакаат да видат таква енергија во Евролигата. Секогаш сме давале приореитет на тие тимови бидејќи нивниот придонесе за идентиетот е незаменлив“, изјави Мотејунас.