Никола Јокиќ ја потврди ужасната вест од која се плашеа сите во Србија!

Српската спортска јавност утринава ја доби најлошата можна вест, а тоа е дека кошаркарската репрезентација на северниот сосед ќе мора да брка пласман на ЛОИ во Токио без помошта на најдобриот кошаркар во моментов во светот – Никола Јокиќ.

Центарот на Денвер нагетс, кој беше избран за МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА и член на најдобрата петорка, го официјализира тоа од што сите во Србија стравуваа, дека нема да настапи на претстојниот квалификациски турнир во Белград.

„Со големо жалење морам да соопштам дека и покрај големата желба во моментов не сум во можност да настапам за српската репрезентација. Едноставно, состојбата на моето тело бара подолга пауза и одмор, за да се опоравам за напорите што ќе ме очекуваат следната сезона. Тоа е став и сугестија на мојот клуб и реалност која морам да ја прифатам. Убеден сум дека момците и без мене имаат квалитет да остварат резултат со кој ќе нѐ израдуваат сите“, објави Јокиќ.

Ова значи дека кошаркарот на Денвер нема да настапи ниту на Игрите во Токио ако српската селекција обезбеди пласман. Претходно, потврда за настап на Србија односно Счовенија дојде од балканскиот двоец во дресот на Далас маверикс – Бобан Марјановиќ и Лука Дончиќ.