„Нема да играме во АБА-лигата доколку во неа биде и Приштина“

Генералниот менаџер на Игокеа, Игор Додик најави дека клубот ќе ја напушти АБА-лигата доколку на собирот биде разгледувано учеството на Приштина.

Додик вели дека тоа е негов личен став и зборува во свое име.

„Ова е мој личен став и зборувам во свое име. Знам дека има некоја иницијатива Приштина да влезе во натпреварувањето, меѓутоа, знам и дека таквата идеја нема поддршка од клубовите. Доколку се разговара за такво нешто, тогаш Игокеа ќе излезе од АБА-лигата“, вели Додик.

На претстојното собрание на АБА ќе се разговара за евентуално влегување на Олимпијакос во АБА-лигата, но и за тензиите меѓу Црвена Звезда и Будуќност по финалната серија во плејофот, како и за договорот со Евролигата, кој завршува идната сезона.