Некогашна ѕвезда на Кожув во последната секунда ѝ донесе злато на Србија (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Кожув, Душан Домовиќ-Булут, одамна важи за можеби најдобриот баскетчија во светот, што кој знае по кој пат го потврди во синоќешното финале на турнирот „Ред Бул халф корт“, кој важи за неофицијално светско првенство во Рим, каде што ѝ донесе злато на Србија буквално во последната секунда.

Северните соседи во големото финале беа подобри од Русија (10-9), а популарниот Булут го постави конечниот резултат со звукот на сирената и тоа со маестрална тројка. Покрај него, во српската екипа беа уште и Марко Милаковиќ, Душан Самарџиќ и Марко Дугошлија, но јасно беше која беше најголемата ѕвезда во екипата. На патот кон златото, Србија беше подобра од Јапонија (17-13), Италија (11-10), Велика Британија (17-6) и Швајцарија (17-5) во полуфиналето, а претрпе неважен пораз во групната фаза од Германија (10-12).

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Red Bull Srbija (@redbullrs)

Најголемата баскетчиска ѕвезда во Европа во моментов дресот на Кожув го носеше во сезоната 2011/12, но набрзо сфати дека играта „три на три“ многу повеќе му одговара и брзо по заминувањето од Гевгелија реши целосно да му се посвети на овој спорт.