Навивачите на Ц. Звезда го гаѓале Лесор дури и со – стаклено шише од вињак (ФОТО)
Популарните Делии за време на полувремето го нападнаа францускиот центар, гаѓајќи го со разни предмети. Според информациите на порталот „Еурохупс“, кон Лесор било фрлено дури и стаклено шише од популарниот пијалок вињак, кој за среќа не го погодил, како и други предмети.
Сите овие предмети брзо завршија на масата на делегатите, а се очекува дека ќе има жестока казна за Црвена звезда, имајќи предвид дека Евролигата сигурно ќе реагира на овој инцидент.