Навивач на Црвена Звезда му се нафрли на Гордиќ со погрдни зборови (ВИДЕО)

Вечерва во Белград се игра мајсторката во финалната серија во АБА-лигата помеѓу Црвена Звезда и Будуќност. Изминатите четири натпревари минаа со многу тензии и инциденти. 

Беше пеколно во Белград, а подеднакво тензично беше и во Подгорица. Синоќа кошаркарите на Будуќност пристигнаа на аеродромот во Белград и имаа дочек со пцовки и навреди. Еден навивач на Црвена Звезда го снимаше пристигнувањето на кошаркарите и посебно беше „расположен“ да го пцуе Немања Гордиќ, кој е поранешен кошаркар на Партизан.