Најлошиот селектор на Македонија профитира од отказот на таткото на Лука Дончиќ!

Некогашниот селектор на Македонија и во два наврати тренер на МЗТ Скопје, Алеш Пипан, е нов тренер на словенечкиот прволигаш Шентјур, каде што доаѓа на местото на Саша Дончиќ, кој е татко на НБА-сензацијата, Лука.

Дончиќ сениор доби отказ по катастрофалниот пораз на неговиот тим во пресметката со АБА-лигашот Копер Приморска (64-108), а управата на клубот не чекаше премногу за да го ангажира искусниот словенечки тренер, кој е многу добро познат на македонската спортска јавност.

Пипан последниот ангажман го имаше во Унгарија, а дебито ќе го има против Крка, во која исто така работеше пред извесно време. Во Македонија сѐ уште е запаметен како еден од најлошите селектори, кој оствари катастрофален резултат на ЕП 2013 во Словенија и тоа со речиси истиот состав кој две години претходно беше четврти во Европа. Згора на тоа, по првенството го навлече гневот на јавноста, откако одби да се врати во Македонија за да даде отчет за својата работа како предводник на жолто-црвената чета.