МЗТ Скопје го освои „Земун Купот“ во Белград

Кошаркарите на МЗТ Скопје се наоѓаат во одлична форма и редат победи на подготовките пред почетокот на новата сезона, а екипата од Аеродром вечерва го освои „Земун Купот“ со триумф од 86-80 против Младост Земун.

Голема борба се водеше во текот на првото полувреме, а МЗТ Скопје излезе како победник и замина на пауза со водство од два поени, кое продолжи да расте на почетокот на вториот дел од натпреварот.

МЗТ набрзо избега на +10, по што Младост се разбуди и ја наметна својата игра за да ја намали негативата во мечот, но сепак македонскиот гигант не дозволи пресврт и на крајот славеше со 86-80.

Најдобар во македонскиот тим беше Кафи со 19 поени, додека Миќовиќ и Стојановски постигнаа по 12.