Легендарен тренер на Партизан парчосал два автомобила на паркинг (ФОТО)
Возилото на некогашниот стратег на црно-белите како и на ЦСКА Москва е речиси целосно скршено, а до сообраќајката дошло бидејќи стапалото му се лизнало од педалата за гас на таа за сопирање на автомобилот.
„Ногата му се лизна од сопирачката на педалата за гас. Потоа се залета нанапред, удри во автомобилот и прелета до ѕидот од кафулето“, изјави сведок на инцидентот.
Сообраќајната полиција утврдила дека Вујошевиќ возел со истечена возачка дозвола, чија важност била до јануари годинава, а алкотестот покажал дека не е позитивен на алкохол. Тој тргнувал да оди на дијализа со оглед што повеќе години наназад има проблеми со болест на бубрезите.