Јокиќ за одлуката да не игра за Србија: Повторно би го направил истото

Никола Јокиќ, кој беше МВП на регуларнито дел од сезоната во НБА-лигата ланската сезона, изминатото лето реши да не игра за српската репрезентација на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио. 

Србија не се пласираше на Игрите, а јавноста во Србија силно го нападна центарот поради неговата одлука. Тој сега уште повеќе ги налути сограѓаните, бидејќи потврди дека повторно би одлучил да не игра за националниот тим.

„Јас донесов одлука, без разлика дали е добра или лоша, ќе се држам до неа. Повторно би го направил истото“, рече Јокиќ. „Наскоро ќе станам татко. Тоа е најважната работа во мојот живот. Не сакам да бидам славен. Тоа може да се контролира. Јас сум како и останатите луѓе, воопшто не е забавно да си славен“, објаснува српскиот кошаркар.