Леброн и Јокиќ водат во трката за МВП признанието на Олимписките игри

Светската кошаркарска федерација ја објави ранг листата за МВП признанието на Олимписките игри.

На врвот на листата се наоѓа Леброн Џејмс, а веднаш зад него е Никола Јокиќ, токму репрезентациите на САД и Србија ќе ги одмерат силите во полуфиналето вечерва.

Покрај Леброн и Јокиќ на листата се уште Денис Шрудер, Кевин Дурант, Франц Вагнер, Богдан Богдановиќ, Виктор Вембанјама, Јабуселе, Ентони Дејвис и Даниел Теис.