Jaнис и Грција елиминирани, Германија обезбеди полуфинале
Грција предводена од Јанис Адетокумбо одлично го отвори натпреварот и изгледаше добро посебно во одбраната. По десет минути игра на Германците им дозволија само 11 поени и првиот период го добија со 11-21.
Сепак, Германците брзо најдоа решение за таквата игра на грчките кошаркари и во втората четвртина возвратија на ист начин па на одмор се замина со изедначен резултат 36-36.
Третиот период донесе изедначена игра се до последните две минути кога Германија со една серија од 7:0 поведе со 59-52 и така како да ја најави победата. Во последниот период само го продолжија започнатото и не дозволија Грција да се врати.
Не беа доволни за Грција ниту 22 поени на Адетокумбо кој беше најефикасниот натпреварот. За Германија 18 поени уфрли Франц Вагнер.