Eмоциите го совладаа: Ѕвездата на Црна Гора се расплака по шокантниот пораз (ВИДЕО)

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора доживеа елиминација од Евробаскетот, а тоа значеше и крај на репрезентативната кариера за Никола Вучевиќ.

Црногорците во последниот натпревар во кој им беше потебна победа доживеаа шокантен пораз од Велика Британија со 89-83.

Овој натпревар беше и последен во дреот на националниот тим за Вучевиќ, а средбата ја заврши со 31 поен, 11 скокови и седум асистенции.

По натпреварот беше посебно емотивен и не успеа да ги задржи солзите.

„Имаше некои ситуации, но не се судиите виновни, направивме многу грешки за вакво ниво. Дозоливме повеќе од она што тие можат да го направат. Немавме фокус, енргија и желба да одиграме на највисоко ниво...Не знам. Едноставно не бевме добри. Наша вина е. Последно Европско првенство, но што да се прави...“, изјави меѓу другото Вучевиќ.