![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2024/03/19/222389-dubai-oficijalno-primen-vo-aba-glaven-vo-klubot-kje-bide-bratot-na-gjokovikj.jpg?itok=oh6I1E2R)
Дубаи официјално примен во АБА, главен во клубот ќе биде - братот на Ѓоковиќ!
За разлика од минатата недела, кога членовите на АБА одбија 1,5 милион евра по сезона, Дубаи сега понуди 2,5 милиони годишно со тоа што 800 илјади евра одат на патувања и сместаување на екипите и официјалните лица имајќи предвид дека Дубаи како домаќин ќе игра во својот град. Тоа значи дека во период од три сезони, колку што е договорот, Обединетите Арапски Емирати ќе инвестираат вкупно 7,5 милиони евра во АБА лигата. Од Дубаи потенцираат дека освен вложените средств, интензивно се преговара за продажба на телевизиските права и се бира најдобрата понуда, а учеството на клубот во регионалното натпреварување треба да привлече и нови спонзори и партнери.
Како предводник на проектот од Дубаи се јавува братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе кој денеска ја достави понудата како потпретседател и директор на клубот заедно со генералниот директор Дејан Камењашевиќ. Одамна се шпекулира дека тренер на тимот ќе биде актуелниот селектор на српската репрезентација Светислав Пешиќ.
На денешното гласање, против беше само Партизан кој не се согласува со начинот на кој е примен Дубаи во АБА бидејќи не е запазена процедурата за тоа. Од клубот наведуваат дека не е извршена реформа на лигата и дека тоа требаше да се направи пред гласањето за прием. Сега, сето тоа треба да се заврши до 30 јуни што значи дека во следните три месеци ќе се преговара и ќе се бара решение за статусот на Дубаи во АБА.