
Дончиќ по елиминацијата со Далас има нова цел – пласман на ЛОИ со Словенија!
Словенечката селекција ќе настапи во Каунас кон крајот на јуни, каде што ќе се обиде да дојде до првиот настап на олимпискиот турнир.
„Тоа е мојата следна цел, да ја однесам Словенија на Игрите во Токио. Се враќам дома и веднаш ќе почнам да тренирам, така да ќе почекам на одморот“, изјави Дончиќ на завршната прес-конференција по крајот на сезоната со „телињата“.
Словенечкото „чудо од дете“ трета сезона беше носител на играта на Далас и тоа со просек од 27,2 поени, 7,2 скокови и 8,6 асистенции.