
Дончиќ не е Јокиќ: Ќе игра финале во НБА, но ќе игра и за Словенија!
Селекторот на Словенија објави список од 16 кошаркари, а на списокот се најде и Дончиќ.
Дончиќ го чека финалната серија со Далас против Бостон, но и покрај тоа што нема да има многу време за одмор ќе биде на теренот за Словенија во Париз. Ќе потсетиме кога Јокиќ минатата година играше финале со Денвер и го освои шампионскиот прстен, одлучи во текот на летото да не игра за Србија на Мундобаскетот бидејќи сакаше подолг одмор.
Кошаркарот на Црвена Звезда, Мајк Тоби ќе биде странецот во редовите на Словенија. Турнирот на ЛОИ во Париз започнува на почетокот на јули. .