
Димитријевиќ со фантастична партија влезе во новата сезона!
Уникс кој ја брани шампионската круна, имаше одличен почеток на новата сезона откако убедливо го совлада финалистот од лани, Локомотив Кубан.
Димитријевиќ одигра 23 минути, постигна 22 поени, имаше и седум асистенции и два скока. Тој беше убедливо најдобар на теренот.
Најблиску до него од соиграчите му беше Џејлен Рејнолдс кој постигна 16 поени.