
Димитријевиќ го предводеше Уникс до победа!
Уникс Казан славеше на гостувањето кај Парма со 87-77.
Димитријевиќ не беше најдобар само на кај својот тим, туку воопшто на теренот. Македонецот за нешто помалку од 29 минути постигна 20 поени, имаше четири асистенции и два скока.
Уникс е на второто место на табелата во ВТБ лигата со седум победи и два порази, прва е ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ со максимален ефект.