„Делиите“ со грозна пцовка го навредија Дејан Савичевиќ (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Партизан во рамки на финалната серија од кошаркарското првенство во Србија, домашните навивачи објавија неколку пароли. 

Прво запалија косовско знаме, а потоа имаа порака за Црна Гора. Сепак тие не застанаа тука, туку продолжија со транспарентите и овој пат го навредија легендарниот фудбалер на „црвено-белите“, Дејан Савичевиќ.

„Север - продолжена рака на Србија, никогаш на службите и властите, да те е**м во тоа устата без заби“, стоеше на транспарентот на „Делиите“. 

Савичевиќ, кој моментално ја извршува функцијата претседател на Црногорскиот фудбалски сојуз ги спомена навивачите на Црвена Звезда како главни виновници што двајца репрезентативци на оваа земја одбија да  играат против Косово во евроквалификациите. Двајцата фудбалери се дел од Црвена Звезда, а според Савичевиќ навивачите на белграѓани направиле притисок тие да не играат и тоа по барање на тајните служби и власта во Србија.