Дали е ова наследникот на Дончиќ? Словенец постигна 89 поени на еден натпревар!

Словенечките кошаркарски медиуми денеска на големо пишуваат за 14-годишниот Нејц Тевзиќ, кој на натпреварот во кадетска конкуренција помеѓу Преболд и Врани Вранско (107-98) постигнал дури – 89 поени.

Тој погодил 23 шута за два поени, реализирал девет тројки како и 16 удари од линијата за слободни фрлања. Името на суперталентираниот Тевзиќ е веќе добро познато за познавачите на словенечките кошаркарски прилики, а за што говори и фактот што веќе игра во конкуренција на повозрасни од себе.

Според коментарите, тој е веќе најавувал како следниот Лука Дончиќ.