Да се наежиш: Холограм на Дражен Петровиќ им се обрати на навивачите! (ВИДЕО)
Кулминацијата на спектаклот се случи меѓу третата и четвртата четвртина. На големиот семафор, во вид на холограмска проекција се појави Дражен Петровиќ, водејќи топка и на присутните им се „обрати“ со неколку реченици, спомнувајќи го и финалето од Олимписките игри во Барселона во 1992 година. Голем дел од присутните, вклучувајќи го семејството на Дражен се расплака, а потоа сите заедно го запеаја хитот на Нови Фосили, „Како е добро...“
Натпреварот го доби Тимот на Дражен Петровиќ со 110-107.