Црвена звезда го претстави новиот тренер: Нашата цел е јасна, титула во АБА лигата!
Новиот тренер истакна дека не му било тешко да го прифати новиот предизвик и повторно да седне на клупата на „црвено-белите“.
Во првото обраќање до медиумите, како нов тренер на Црвена звезда, Шакота истакна дека има голема работа пред себе, а основна цел ќе биде одбрана на титулата во АБА-лигата.
Прво, сакам добра соработка и мислам дека работевме добро во минатото. Црвената звезда е претставник на Србија во најелитното натпреварување - Евролигата и тоа е институција. Во суштина, лесно решив да дојдам во клубот. Од моментот кога стапивме во контакт немаше дилеми, ова е сезона која има многу натпревари и јасно е дека станува збор за сериозна работа. Секако, целите што ги спомна претседателот беа да го освоиме трофејот во АБА и да дојдеме до што е можно повеќе победи во Евролигата, истакна Шакота.