Официјално: Челси му даде отказ на Росениор!
Вчерашниот пораз против Брајтон, кој беше петти по ред без постигнат гол во Премиер лигата, го натера раководството на „сините“ да организира итен состанок на кој му „пресуди“ на младиот стратег.
„Челси се раздели со првиот тренер Лиам Росениор. Му благодариме на Лиам и неговиот тим за професионализмот. Последните резултати се под стандардните на клубот“, соопшти Челси.
Привремено решение на кормилото на „сините“ треба да биде Калум Мекфарлан, кој претходно го водеше тимот до 21 година на Челси.
Фото: Facebook/Chelsea Football Club