Навивачите на Силекс го „одработија“ најдолгото гостување во Македонија! (ФОТО)
За навивачите на Силекс не беше поблем тоа што Кратово и Охрид се оддалечини 272 километри и во еден правец има околу четири часа возење, па така вкупно денеска мораа да се возат најмалку осум часа за одење и враќање.

Ова гостување е и најдолгото кое реално може да се случи на нашата територија на еден фудбалски натпревар. Има реалции и дестинации кои се повеќе оддалечени меѓутоа нема активни клубови и навивачки групи во тие градови.
Останува сега да се види дали и Охрид во реваншот на 6 мај ќе ја има истата подршка од популарните Рибари кога нивниот тим ќе гостува во Кратово во борбата за финале.