Чудни работи во соседството: Во Србија се местат и - кошаркарски натпревари!

Директорот на Кошаркарската лига на Србија (КЛС), Леон Делеон, за српските медиуми открил дека постојат сомневања дека одредени средби од ова натпреварување биле – наместени.

Тој изразил загриженост поради чудните резултати остварени во последните неколку кола, поради што е поднесена кривична пријава против, засега непознати прекршители.

„Ја разгледав ме ситуацијата околу неколку изненадувачки и пред сѐ чудни резултати во последните неколку рунди и одлучено е надлежните лица на КЛС да поднесат кривична пријава против лица кои во моментов се непознати“, изјави Делеон.

Ова е втор ваков скандал во северното соседство, по неодамнешниот извештај на УЕФА за сомневање дека имало неколку наместени средби во српскиот фудбал.