Човиќ и сѐ е можно: Ц. Звезда го оспорува пласманот на МЗТ во јадранската елита!

Челниците на Црвена звезда во својата бесконечна волја за војна со раководството на АБА-лигата денеска, индиректно, го вмешаа и МЗТ Скопје, откако со соопштение јавно ја преиспитуваат одлуката Златибор како првак во АБА2 да игра бараж-дуел со Борац Чачак поради исполнувањето на максималниот број екипи од Србија.

Црвено-белите бараат свикување на Собрание на екипите кои се сопственици на регионалното натпреварување и тоа пред 30 април, за кога е закажан стартот на серијата помеѓу двата српски тима, со цел да се исправи, како што велат тие, неправдата поради националниот клуч во оваа лига. Белграѓани во испратеното соопштение, меѓу другото, велат дека постои нацрт-договор на Пропозициите за следната сезона, во која максималниот број тимови од една земја се ограничува на шест, што е за еден повеќе од моментов. Во тој случај, место за Златибор има директно, а бараж би требало да игра МЗТ Скопје и тоа против Сплит, а не против Борац Чачак.

Поради сето ова, првиот човек на Ц. Звезда, Небојша Човиќ, бара неделава експресно да реагира и да ја исправи, тоа што според него е неправда и на Златибор да му даде право директно да игра во АБА. Ова, секако, е само „ветер и магла“ и своевидно собирање поени во српската јавност од страна на црвено-белите, кои во одамна се во војна со раководството на јадранската лига, од кое не се задоволни и во моментов, пред се поради изборот на Жељко Обрадовиќ од Партизан за тренер на сезоната.

Целото соопштение на белграѓани може да го прочитате ТУКА.