Ц. Звезда по голема драма стигна до прва радост во финалето на АБА-лигата

Финалната серија во регионалната АБА-лига почна со триумф на Црвена Звезда од 82-78 против тимот на Будуќност.

Српската екипа блесна на стартот на натпреварот и создаде предност од 18-9, но до крајот на мечот постигна само два поени, додека ривалот го диктираше темпото и израмни на 20-20.

Ц. Звезда го врати водството на своја страна, па на пауза замина со 44-38, но во третата четвртина Будуќност стигна до пресврт и предност од 54-53.

Меѓутоа, следеше лош период за Будуќност во кој Ц. Звезда избега на +15 (70-55), по што за многумина мечот изгледаше завршен, иако така не мислеа и Црногорците, кои намалија на два негатива во завршницата (78-80), но немаа сила за нов пресврт.

Најдобри во победата на српскиот тим беа Добриќ со 23 поени и Лојд со 21 поен, додека на спротивната страна најефикасен беше Рид со 26 поени.