Ц. Звезда го посрамоти Будуќност и во Подгорица и обезбеди финале во АБА

Актуелниот регионален шампион Црвена Звезда ќе го брани пехарот во АБА-лигата и вечерва го завери новото финале со брутална победа во Подгорица понижувајќи го Будуќност со победата со 41 разлика (97-56), па сега за битката за пехарот ќе го чека победникот од второто полуфинале Партизан - Цедевита Олимпија.

Очајни три четвртини одигра Будуќност во кои не го виде кошот на белграѓани, а црвено-белите со извонреден настап умешно ги наполнија подгоричани за убедливо да ги победат и да го заверат финалето после два меча. Колку беше очаен Будуќност, јасно покажуваат нивните ужасни 30 поени од втората до четвртата четвртина за 30 минути игра, наспроти 62 поени кои ги примија за да загубат понижувачки.

Будуќност имапе плус осум во првата половина од првиот квартал (17-9), но Ц. Звезда до завршницата намали на поен негатива, а потоа со 9-0 го сврте мечот за свои плус осум (26-34) и оттука почна сѐ. До паузата за полувреме белграѓани дозволија само осум поени на противникот, стигнаа до најголемите плус 15 (30-45) и го расчистија патот кон триумфот.

Сѐ потоа во вториот дел беше едносмерен меч, во кој црвено-белите само го полнеа кошот на домаќините, дојдоа до најубедливи плус 32 (75-43) и не застанаа, па во четвртиот период достигнаа и плус 43 (90-47), а пред крајот имаа и плус 44.

Лука Митровиќ даде 17 поени, Филип Петрушев 14, а Немња Недовиќ 13, но најважно од сѐ е што сите во таборот на белграѓани погодија барем по еднаш во кошот на Будуќност, за кој немаше ни еден играч со двоцифрен кошгетерски ефект. Џалел О'Брајан беше најефикасен со девет поени.

Ц. Звезда и во првиот меч со Будуќност во Белград одигра брутално и победи со 38 поени разлика (93-55).