Будуќност побегна во соблекувалната, на теренот си влегоа - навивачите на Звезда! (ВИДЕО)

Мајсторката за шампион во АБА-лигата во Белград уште незапочната донесе вистински циркус во „Пионир“, па навивачите на Црвена Звезда „ги избркаа“ гостите од Подгорица и решија да се забавуваат под кошот. Си шутираа како тие да се загреваат за финалниот меч, буквално бркајќи ги гостите од теренот.

Ова е незапаметено однесување, па Црногорците останаа во соблекувалната додека се смири ситуацијата. Инаку беа дочекани на нож, атмосферата во салата врие, па во вистински пекол Будуќност ќе се обиде да ја одбрани титулата.