Борац го нокаутира ТФТ и обезбеди опстанок во АБА-лигата (ФОТО)

Кошаркарите на ТФТ беа поразени и во вториот меч од Борац Чачак со 65-97 и останаа без место во АБА-лигата.

Катастрофалниот почеток на македонската екипа му дозволи на Борац да создаде предност од 24-14 во првата четвртина, а предноста продолжи да расте до крајот на првото полувреме (52-35).

Во вториот дел ТФТ не успеа да се закани посериозно, додека Борац играше без проблеми и го полнеше кошот на македонскиот тим до конечни 97-65.

Најефикасен во победничкиот тим беше Алекса Ускоковиќ со 23 поени, додека Џастин Виндел Гордон Јуниор постигна 18 поени за ТФТ.