Зубац испиша историја во НБА-лигата, четврти пораз по ред за Далас (ВИДЕО)

Минатата ноќ беа одиграни неколку натпревари во НБА-лигата, а посебна ноќ имаше Ивица Зубац кој испиша историја во победа на Лос Анџелес Клиперс над Индијана пејсерс со 114-100, додека Далас маверикс повторно загуби, и тоа овој пат од Милвоки тимбервулвс (115-124).

Хрватскиот кошаркар блесна на натпреварот за Клиперс и постигна 31 поен и 29 скокови во победата, а ова е трет пат од сезоната 1973/74 некој кошаркар да има 31 поен, 29 скокови и три блокади.

„Се изнервирав затоа што сакав да имам 30 поени и 30 скокови. Дефинитивно не сум среќен затоа што можев да се надминам“, кажа Зубац по мечот.

Во победата на Клиперс одлични беа и Ник Пауел со 19 поени, како и Теренс Ман со 14, додека на спротивната страна се истакна Џејлен Смит со 23 поени и девет скокови.

Милвоки имаше водство во текот на целиот натпревар, иако Далас неколку пати се враќаше во игра и во третата четвртина се доближи на само четири поени, но сепак немаа сила за ништо повеќе од тоа (124-115). Во победничкиот тим блесна Јанис Адеоткумпо со 30 поени, 11 скокови и четири асистенции, додека на спротивната страна Лука Дончиќ постигна 27 поени.

Останати резултати:

Бостон – Вашингтон 130-121
Детроит – Кливленд 94-102
Њујорк – Мемфис 123-127
Орландо – Филаделфија 103-133