Воините загубија добиен меч, виновник е центарот со најмалку килограми во НБА (ВИДЕО)

Екипата на Голден Стејт Вориорс ноќеска загуби од Оклахома тандерс (123-130) по продолжение, откако прокоцна предност од плус 18 во третата четвртина и позитива од три поени на нецели две секунди од регуларниот дел, кои не беа доволни за да триумфираат Кари и компанија.

„Воините“ имаа 81-63 во третиот период, но си дозволија да влезат во неизвесна завршница. Кога Ендрју Вигинс погоди тројка за 117-114 1,6 секунди до крајот се чинеше дека е се готово. Но, по тајм-аутот на Марко Дењолт ги чекаше студен туш. Центарот со најмалку килограми во НБА, Чет Холмгрен (има само 90 килограми на висина од 216 сантиметри), погоди неверојатна тројка на за 117-117, а со тоа и за дополнителни пет минути.

Таму гостите, кои беа предводени од Шај Гилџус Александар со 40 поени, беа подобри и дојдоа до триумф. Холмгрен, пак, за кого ова е втора дебитантска сезона во НБА (лани беше втор пик на драфтот) откако првата ја пропушти во целост, средбата ја заврши со личен рекорд од 36 поени. За Голден Стејт, Ендрју Вигинс постигна 31 поен, Стеф Кари 25, а Клеј Томпсон 16 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот - Њујорк 108-122, Њу Орлеанс - Минесота 120-121, Чикаго - Мајами 102-97, Милвоки - Далас 132-125, Сан Антонио - Мемфис 108-120, Голден Стејт - Оклахома 123-130 (п).