Во чест на неговата магија: Дончиќ доби џиновски плакат среде Далас (ФОТО)

Лука Дончиќ сезонава пристигна во НБА-лигата и ги воодушеви сите со своите настапи во дресот на Далас маверикс, каде што се наметна како една од најголемите ѕвезди на тимот.

Словенечкиот кошаркар за малку не обезбеди учество на Олстар мечот, но затоа ќе добие шанса во натпреварувањето во вештини, а за тоа колку навивачите го сакаат најдобар доказ е огромниот плакат закачен на една зграда во Далас.