Во чест на Коби - Репторси и Спарси не поентираа во првите напади! (ВИДЕО)

Сан Антонио Спарс и актуелниот првак во НБА, Торонто Репторс го започнаа својот меч вечерва со два напади без воопшто да се потрудат да поентираат во чест на трагично загинатата легенда Коби Брајант, кој пред два часа загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Во чест на големиот Коби, Репторски и Спарси ги потрошија првите напади на мечот. Нападот трае 24 секунди, а бројката е идентична која го прослави легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс, чиј хеликоптер се урна во Калифорнија и со него трагично загина и една од ќерките, Џана Марија.