ВНБА и НБА кренаа глас против затворската казна за американската кошаркарка во Русија!

Американската кошаркарка Бритни Грајнер доби деветгодишна затворска казна од рускиот Суд, откако беше уапсена пред неколку месеци на аеродром со масло од канабис.

По пресудата против искусната кошаркарка пристигна реакција од страна на ВНБА и НБА, кои сметаат дека рускиот суд направил неправда.

„Оваа пресуда е неправедна и несреќна, но не и неочекувана, зашто Бритни Грајнер е погрешно осудена. Се надеваме дека ќе заврши овој процес за нејзино враќање во САД“, соопштија од лигите.