Ветеранот Скола ја предводеше Аргентина до четвртфиналето

Аргентина ја победи Јапонија со 97-77 во последното коло од групната фаза и си обезбеди четвртфинале на Олимписките игри во Токио како една од двете најдобро третопласирани репрезентации.

„Гаучосите“ го обезбедија третото место во групата Ц зад Словенија и Аргентина кои во меѓусебен дуел ќе одлучуваат за првото место на табелата. Ветеранот Луис Скола ја предводеше Аргентина до триумфот со 23 поени. Ветаранот кој има 41 година запиша и 10 скока, а Факундо Кампацо го следеше со 17 поени и 11 асистенции. Кај Јапонија најдобар беше Јудаи Баба со 18 поени, а првата ѕвезда во тимот Руи Хашимура имаше 13 поени и 11 скока.