Ваква чест не добил ниту Дражен: Во САД ќе се слави „Денот на Лука Дончиќ“ (ФОТО)

Членовите на Советот на градот Далас вчера донесоа одлука во иднина да се слави „Денот на Лука Дончиќ“ и тоа на секој 6 јули во годината во чест на словенечкото „чудо од дете“, кое од 2018 година го носи дресот на НБА-тимот од овој град.

Ваква чест досега не добил ниту еден европски кошаркар, па дури ни сигурно најдобриот европеец на сите времиња, Дражен Петровиќ и тоа во знак на почит за сѐ што направил Словенецот за „телињата“ од Тексас. Но, тоа не е само за придонесот на теренот, туку и за неговото делување во локалната заедница на Далас.

Маверикс во овогодинешниот плеј-оф испадна од Лос Анџелес Клиперс во полуфиналето на Западот., а Дончиќ во таа серија просечно уфрлаше во 35,7 поени во меч. Во регуларниот дел од сезоната, пак, имаше просек од 27,7 поени, осум скокови и 8,6 асистенции.