Уште едно пролонгирање: Сезоната во НБА ќе продолжи во август

Ако веруваме во зборовите на инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, кој секогаш е добро информиран околу случувањата во НБА, сезоната во најсилната кошаркарска лига ќе продолжи во август, а не во јули како што беше предвидено.

На 28 мај раководството на лигата ќе одржи состанок со генералните раководители на тимовите, а на 29 мај ќе се одржи состанок на Управниот одбор. Во петок, можеме да се очекува препорака за враќање во процесот на тренинзи.

Сезоната е прекината во март поради пандемијата на коронавирус, а НБА лигата има намера да ги одржи преостанатите натпревари во Светскиот центар за рекреација „Волт Дизни“ во Флорида.