Тренерот на Лејкерс откри кога ќе биде дебито на Дончиќ

Во шокантен трејд Лука Дончиќ од Далас се пресели во Лос Анџелес Лејкерс, сега сите со нетрпение очекуваат да видат како ќе функционира во жолтиот дрес.

На вчерашниот меч против Голден стејт, Дончиќ со овации беше поздравен од навивачите на Лејкерс, но и вчера седеше на клупата и не заигра поради повредата на листот од која се опоравува.

Тренерот Џеј Џеј Редик откри дека Дончиќ најверојатно ќе дебитира во понеделник.

„Најверојатно во понеделник ќе дебитира. Не е сто отсто сигурно, но работата оди кон тоа. Се е добро. Се надевам дека ќе потврдиме во наредните денови. Сите сакаме да го видиме во дресот на Лејкерс“, рече Редик.

„Сакаме да се чувствува самоуверено, но и докторите да бидат сигурни дека е време да заигра. Не сакаме ништо да ризикуваме“.