Таткото на Дончиќ: Син ми не заслужи таков третман, ме боли ова лицемерие!
Саша Дончиќ кажа дека бил шокиран од информацијата за трејдот, затоа што не знаел дека Далас преговара за неговиот син.
„Јас бев изненаден, дури шокиран. Ниту на почетокот не верував дека е вистина затоа што беше чудно. Но очигледно во НБА-лигата сè е можно. Разбирам кога не ви одговара некој кошаркар, но ова се правело тајно. Ова е некој вид на лицемерие и истото ме боли. Не е коректно и син ми не заслужи таков третман“, вели таткото на кошаркарот.