Талентиран кошаркар може да си ја уништи кариерата поради видео-игри

Животот на спортските ѕвезди им носи многу предизвици, но и искушенија, па така кошаркарот на Фенкс санс, Диандре Ејтон на бизарен начин го троши времето и не може ниту да се наспие поради што му беше намалена минутажата во тимот.

Овој 23-годишен кошаркар води непрофесионален начин на живот, па дневно спие само по неколку часови, а причина за тоа се видео-игри.

„Станува околу шест часот наутор и тоа откако ќе отспие само два часа, по што јаде и игра видео-игри, а потоа следи тренинг. Потоа се враќа дома и пак игра видео-игри и така секој ден“, откриваат од екипата.

Поради тоа Ејтон доби помала минутажа во последниот меч од плејофот против Далас и постојат шпекулации дека кошаркарот ќе замине од екипата.