Тага до небо: Почина легендарниот НБА тренер - Џери Слоун

Поранешниот тренер на Јута Џез, Џери Слоун, почина денеска на 78-годишна возраст, како резултат на компликации од Паркинсонова болест и деменција на  телото, објави НБА-тимот.

Нему во 2015 година му била дијагностицирана Паркисоновата болест, што бара 24 - часовна нега.

Џери Слоун на клупата на тимот од Солт Лејк Сити беше дваесет и три години. Ќе остане запаметен по генерацијата во која ги водеше Карл Мелоун и Џон Стоктон која на два наврати едно по друго играше во финалната серија каде беа поразени од Чикаго Булс.

Исто така тој 23 години работел како тренер на Јута (1988-2011), и го водеше тимот до 15 последователни натпревари во плејофот. Оствари вкупно 1223 победи во кариерата и е на четвртото место по бројот на победи меѓу сите тренери во историјата на лигата. Никогаш не го освои прстенот.

Покрај Јута, Слоун го водеше и Чикаго Булс три години.