Стив Кер збесна поради масакрот во Тексас: Доста е! (ВИДЕО)

Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер не сакаше да зборува за кошарка на прес-конференција пред почетокот на мечот против Далас маверикс, туку главна тема беше масакрот кој се случи во Тексас, а притоа загинаа над 20 лица, меѓу кои 19 се деца.

Кер никогаш не се воздржуваше да зборува за политика и да ги критикува политичарите, а овој пат од нервоза почна да удира по масата и ги обвини сенаторите дека не сакаат да изгласаат предлод дополнение на закон според кој треба да се провери минатото на лицето кое сака да купи оружје.

„Изморен сум од тоа да доаѓам тука и да нудам сочуство за семејствата, извинете. Изморен сум од тишина. Доста е! Имаме 50 сенатори кои одбиваат да изгласаат закон за проверка на нечие минато, никој не сака да гласа за него за да не изгуби моќ“, вели Кер.