Србите бесни: Дончиќ му ја „украде“ наградата на Јокиќ
На Западот признанието за најдобар во неделата му припадна на Лука Дончиќ, додека бекот на Мајам, Тајлер Хиро беше избран за најдобар на Истокот.
Во конкуренција за наградата покрај словенечкиот кошаркар беа: Ентони Едвардс (Минесота), Шеј Гилџес-Александар (Оклахома), Џејлен Вилијамс (Оклахома), Никола Јокиќ (Денвер) и Домантас Сабонис (Сакраменто).
Јокиќ во изминатата недела во просек постигнуваше по 42.3 поени по натпревар, 15 скокови и 8.3 асистенции. Сепак, Денвер победи на само два од четири натпревари.
Дончиќ од друга страна ја заврши неделата со просек од 29.3 поени, 11.7 скокови и 8.3 асистенции по натпревар.
Иако можеби звучи малку чудно за индивидуално признание, одлучувачки фактор што наградата заврши кај Дончиќ е што Далас оствари една победа повеќе, односно три.
NBA Players of the Week for Week 7.
— NBA (@NBA) December 9, 2024
West: Luka Dončić (@dallasmavs)
East: Tyler Herro (@MiamiHEAT) pic.twitter.com/mcc6oqNMBo